Моето гласачко право: Резултати од онлајн прашалник

Ова е анализа на резултатите од онлајн истражувањето на ЦИВИЛ. Овој прашалник е сегмент од пошироко истражување и е дизајниран за организациите на граѓанското општество и пошироката јавност, преку веб страната на ЦИВИЛ и на социјалните мрежи.

Преку овој прашалник дојдовме до квантитативни податоци за познавањето на избирачкото право, изборните нерегуларности, ставот на испитаниците за изборните процеси во 2013 и 2014 година, ставот за извештаите од изборното набљудување на ЦИВИЛ, како и за тоа дали се почитуваат човековите права и слободи.

На прашалникот одговорија 223 испитаници во периодот 21-28 март 2015 година.

 

1. Граѓан(к)ите на Република Македонија го познаваат своето гласачко право.

q01

Точно 35.9%
Неточно 64.1%

 

2. Која од наведените категории најмногу придонесува за запознавање на граѓан(к)ите со гласачкото право?

 q02

Огранизации на граѓанското општество на национално ниво 27.8%
Организации на граѓанското општество на локално ниво 17%
Државна изборна комисија 7.2%
Влада 0.4%
Општина 0%
Активисти на политичките партии 8.1%
Традиционални медиуми (ТВ, радио, весници) 26%
Интернет 13.5%

 

3. Локалните избори во 2013 година беа фер и демократски.

q03

 

Да 5.8%
Не 94.2%

 

4. Претседателските и вонредните парламентарни избори во 2014 година беа фер и демократски.

q04

 

Да 4.5%
Не 95.5%

 

5. Граѓан(к)ите можат да препознаат изборни нерегуларности, манипулации и притисоци.

q05

 

Да 58.7%
Не 41.3%

 

 

 

 

6. Граѓан(к)ите имаат каде да се обратат за да го заштитат своето гласачко право.

q06

 

Да 23.3%
Не 76.7%

 

7. Граѓан(к)ите го бараат своето гласачко право кај...

q07

 

Државна изборна комисија 37.2%
Институциите на правдата во Република Македонија (судови) 6.3%
Полиција (МВР) 6.7%
Невладини организации во РМ 30.9%
Странски мисии (ОБСЕ/ОДИХР, други) 18.8%

 

8. Оценките на ЦИВИЛ за изборите се објективни и вистинити.

q08

 

Да 88.3%
Не 11.7%

 

9. Човековите права во Република Македонија се почитуваат.

q09

 

Да 3.1%
Не 96.9%

 

Print Friendly, PDF & Email