Ноќна мобилизација во Прилеп за „одбрана“ на Уставниот суд

Осум автобуси и два минибуса од Прилеп се упатија кон Скопје вечерва во 20 часот, за да се придружат на провладиниот собир за поддршка на Уставниот суд.

clp 01 prilep 15032016

Ноќна партиска мобилизација во Прилеп, 15/3/2016

„Не снимај, нема знамиња!“, извика едне возрасен човек кој преминуваше пешачки премин,  брзајќи да се качи во автобусот кој му го посочи водачот на групата.

Иако партиските симболи овојпат не беа јавно манифестирани, не може да има поочигледни „бајраци“ во толпата, од гласните разговори кои го зајакнуваат „патриотскиот дух“ и ги колнат, кудат и „чистат“ комуњарите од лицето на Македонија.

clp 04 prilep 15032016

Прилеп, 15/3/2016

На прашањето – „Каде одат овие автобуси?“, следеше одговор: „За Скопје, ќе играат ’Победа’ и ’Вардар’“,  ни одговори еден друг возрасен човек иронично.

Иако не успеавме да добиеме официјална потврда, анонимни извори од владејачката партија во Прилеп ни потврдија дека одлуката за мобилизација на прилепското членство на ВМРО-ДПМНЕ била донесена на итен состанок на партијата, по пристигната наредба од „централата“.

Божидар Барлакоски


 

civiv-lenses-logo-en-copyОваа содржина се објавува во рамките на вториот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Ставовите и информациите изнесени во оваа содржина се одговорност на авторот и не ги отсликуваат ставовите на донаторот.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian