Стечајците не се луѓе од втор ред!

Тимот на ЦИВИЛ Медиа во рамките на иницијативата Социјална правда сега! разговараше со Иван Николовски, претседател на Здружението на стечајни работници од Охрид, Струга и Ресен.
Тој ни раскажа со каква трагедија се соочува Охрид по затворањето на фабриките „Езерка„, „Застава“, „Отекс“, „Братство“ и на многу други, кога илјадници охриѓани останале на улица. Денес, стечајците со 25 години стаж и нерегулиран статус, сами мора да се снаоѓаат.

„Ние не сме луѓе од втор ред. Состојбата на стечајците е трагедија. Немаат леб да јадат. Баравме помош, стечајците барем сметките да можат да ги платат. Пак парите ќе се вратеа на државата, а стечајците ќе имаа некоја сигурност без секојдневно да се соочуваат со извршители“,  изјави нашиот соговорник.

Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска
Уредник: Синиша Станковиќ

Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега!Иницијативата ја спроведува ЦИВИЛ - Центар за слобода со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.

Print Friendly, PDF & Email