ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со закани и уцени обезбедува контра-протестанти

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува да добива информации од своите долгорочни набљудувачи и мобилни тимови, за мобилизација на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на вработени во буџетски установи, што низ цела Македонија се спроведуваше во текот на вчерашниот ден и утрово.

Во пријавата која пристигна од долгорочниот набљудувач од Струга, се посочуваат наредби за напуштање на работно место, со цел навремено пристигнување на вчерашниот контра-протест во Скопје.

бгхф

“Лице неодамна вработено во затворот од отворен вид во Струга..., денеска во 13:08 часот од Комитеот на ВМРО-ДПМНЕ добило порака со насоки за тргнување, и акцент на тоа дека присуството е задолжително.  Лицето го напуштило своето работно место пред истекот на работното време”, се вели во извештајот.

И покрај тоа што тргнувањето било закажано за 15 часот, двата автобуса се наполниле со патници и тргнале од пред хотел „Дрим“, во 16:00 и во 20:00 часот.

Мобилизација со наредби, закани и уцени со губење на работно место се случувале и во Струмица. Како што информираат набљудувачите на ЦИВИЛ од Струмица, “ВМРО-ДПМНЕ ја промени стратегијата. Дневницата од 500 или 1.000 денари ја замени со присила и закана на сопствените членови”.

“Секој активен партиски член не само што треба да присуствува на контра-протестот во Скопје, туку задолжително мора да собере уште пет свои блиски луѓе, за да се постигне се поголема масовност. Пријавени се нови автобуси кои чекаат да бидат наполнети и обезбедени за секој нареден ден со распоред кој кога ќе присуствува”, се вели во пријавата од Струмица.

„Директор на училиште во едно струмичко село се јавувал по телефон кај професорите и наставниците, со закана дека доколку не одат на контра-протест во Скопје, ќе им викне инспекција во училиштето на нивниот час, кој без оглед како ќе го одржат, ќе им напише опомена и ќе ги испрати на советување. Оваа практика, истиот директор ја практикувал долг период, и не е само закана туку и ја исполнува и спроведува во пракса како начин на присила на вработените наставници! Служителите и одржувачите на хигиена не биле на работа, туку на контра-протест. Истото се очекува и за наредните денови. Служителите како доказ дека биле токму на протестот, а не на некое друго место во Скопје, треба да достават фотографии до директорот”, објаснува нашиот набљудувач во пријавата која пристигна синоќа на адресата на ЦИВИЛ.

Пријави пристигнаа и утрово за денешната мобилизација.

12718006_946383652146771_1220407043206138295_n

Мобилниот тим од Битола информира дека 20 автобуси со контра-протестанти се предвидени денеска да тргнат од Битола. Превиденото време за пристигање во Скопје е 18:30.

Предизвикан од информациите кои постојано ги добива од терен, ЦИВИЛ – Центар за слобода, вчера изрази крајна загриженост за можноста од насилство меѓу граѓаните, и повикува на почитување на законите, смиреност, разум и достоинствено однесување.

Синоќешните протести кои завршија со насилство и апсење, се резултат на погрешните политики на владејачката коалиција во континуитет. ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува сите учесници на протестите против одлуките кои го оневозможуваат повторното воведување на правната држава во Македонија, да го изразуваат своето незадоволство, но да се воздржат од насилство, да избегнуваат директни судири со контра-протестантите и припадниците на безбедносните сили и да не предизвикуваат непотребни штети во Скопје.

ЦИВИЛ исто така, ги повикува  припадниците на МВР, особено на специјалните сили, да делуваат само во рамките на законот, да избегнуваат примена на прекумерна сила, како на вчерашните настани, и да им овозможат на набљудувачите од граѓанскиот сектор и на претставниците на медиумите непречено да ја работат нивната работа.

Марија Теговска

 

Print Friendly, PDF & Email