Собрание: Избори на 5 јуни нема да има!

Од вкупно 105 присутни пратеници, 101 пратеник гласаше да се прифати иницијативата на Талат Џафери од ДУИ, за Предлог закон за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, која беше единствената точка на дневниот ред на 101 собраниска седница која беше закажана денеска по одлуката на Уставниот суд. Со измените, не се предвидува новиот датум за одржување на парламентарните избори.Откако, претходно, Собранието ги констатираше оставките на министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски од СДСМ, кои тие, заедно со дополнителните заменици министри ги поднесоа на 6 април, пред распуштањето на парламентот, со мнозинство гласови, а на предлог на техничкиот премиер Емил Димитриев, владеачките  партии изгласаа Диме Спасов и Митко Чавков да се вратат на функциите министер за труд и социјална политика односно министер за внатрешни работи, иако со ваквата одлука повторно се опструира Договорот од Пржино

Поради ова реагираше пратеникот од опозициската ЛДП, Горан Милевски, кој упати прашање до Димитриев дека, ако важат одлуките за оставки на министрите од СДСМ во новонастанатата ситуација, зошто тоа не се однесува и на Димитриев, кој продолжува да биде премиер?!

Пратениците од опозицијата кои носеа беџови со стисната тупаница, откако гласаа против, ја напуштија седницата. А пратениците од ДПА воопшто не присуствуваат на седницата, како што и најави лидерот Мендух Тачи, според кого повторното свикување на Собранието е политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. 

Марија Теговска

Оваа вест е достапна и на: English