ЦИВИЛ-Центар за слобода, денеска со своите два тима на терен, ги посети општините Врапчиште и Јегуновце.
Тимот на ЦИВИЛ кој беше во посета на општина Врапчиште, поделени беа 100-тина триплети со информативна содржина на македонски и албански јазик, а сите заинтересирани имаа можност да се информираат за проектот "Напред!". Тимот на ЦИВИЛ имаше кратка средба и со градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија со кого разговараа за моменталните политички случувања во општината. Младите жители на Врапчиште со кои ЦИВИЛ разговараше, се разочарани од тоа што се случува на политичката сцена во Македонија, и размислуваат да ја напуштат државата доколку не се променат работите на подобро и за скоро време.
Во Јегуновце тимот на ЦИВИЛ ги затекна малкуте жители во угостителските објекти каде разговараа за политичката состојба, како главна тема со која почнуваа и завршуваа е повторното отварање на Југохром и иднината на комбинатот. ЦИВИЛ ги информираше жителите на Јегуновце за проектот Напред! и како можат да се приклучат во мониторинг тимот на ЦИВИЛ за изборите.
Оваа вест е достапна и на: Albanian