Прилеп: Општа мобилизација за протести и контра-протести

Над 1.500 социјалдемократи од Прилеп со автобуси и сопствени возила попладнево се упатија кон Скопје на протест на којшто ќе бараат оставка на претседателот Ѓорге Иванов, по објавување на неговата одлука за аболиција на 56-мина политичари, коишто беа предмет на наводите содржани во аферата "Прислушување".

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=x2lMVK6sY_Q[/youtube]

Социјалдемократите бараат итна оставка на претседателот Ѓорге Иванов и враќање на демократијата во државата.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=iP017fOKVRI[/youtube]

Набрзо по заминување на социјалдемократите на пат за Скопје, на истата релација се упатија како што дознава ЦИВИЛ Mедиа и 30-ина полицајци од полициската станица од Прилеп. Но, брзо потоа, тие добиле нови упатства, да се вратат во матичниот град.

„Има најави дека вечерва ќе има собири на граѓани во Битола, полицијата ќе биде на готовс, така што по потреба ќе интервенира“, соопштуваат извори за ЦИВИЛ Mедиа.

Четириесетина полицајци, надлежни за одржување на јавниот ред и мир, од полициската станица во Прилеп, сепак тргнаа на пат за Битола, каде што од 19 часот е најавен протест на граѓаните, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.

„Пред неполни два-три часа, полицајците добија упатства и тргнаа на пат за Скопје, но, по најавите дека ќе се одржи протест во Битола, беа вратени речиси од превалецот Плетвар повоторно во Прилеп. Сега тие се мобилизирани повторно и се на пат за Битола“, велат извори за ЦИВИЛ Медиа.

Моника Талеска

Оваа вест е достапна и на: Albanian