"Напред" ќе се презентира денеска во Скопје

ЦИВИЛ – Центарот за слобода, денес точно напладне, продолжува да го презентира проектот за изборно набљудување "Напред!“ . Штандот ќе биде поставен пред Универзитетот на ЈИЕ, од 12:00 до 13:00 часот. 

13029410_951850748266728_1315157466386020972_o

Скопје, 22-ри април 2016

Во едночасовната презентација, дел од тимот на ЦИВИЛ ќе дели флаери со информативна содржина на македонски и албански јазик, за можноста граѓанките и граѓаните од Скопје, да се вклучат во изборното набљудување. Исто така, во тек ќе биде и фото-петицијата "Јас сум за слободни избори". На овој начин сите заинтересирани ќе имаат можност да ги добијат  потребните информации за изборното набљудување, и можноста тие да бидат дел од тимот на набљудувачи на престојните предвремени парламентарни избори.

13086847_951849504933519_6119355799911201547_o

Скопје, 22-ри април 2016

„Напред!“ е проект за мониторинг на изборите и за мобилизирање на  граѓански набљудувачи кои ќе ја следат ситуацијата во своите општини пред изборите и на самиот изборен ден. Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.