Нова герила акција за градоначалникот Владимир Талески, денеска подготвија битолчани. За време на посетата на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, на патот Битола-Ресен-Буково, кој е затворен поради реновирање скоро една година, битолчани фрлаа банкноти со ликот на градоначалникот со валута од 360.000 евра.
Истата група и синоќа го чекаше градоначалникот Талески пред Центарот за култура во Битола на отворањето на Фестивалот за монодрама, за да му ја честитааат аболицијата. Но, градоначалникот не влезе од главниот туку од некој спореден влез.
Откако ги фрлија парите со ликот на Талески, застанаа позади него и министерот и додека тие даваа изјави за медиумите држеа транспарент со текст: „Честито аболиција“.
Оваа вест е достапна и на: Albanian