Светот денес го одбележува 21 Февруари, прогласен од УНЕСКО за Меѓународен ден на мајчиниот јазик, на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.
Во 2000 година, 21 Февруари е промовиран и како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
ЦИВИЛ - Центар за слобода смета дека грижата и негувањето на мајчиниот јазик е задача и предизвик на секоја одговорна власт, како и дека јазиците воопшто, претставуваат суштина на идентитетот на етнички групи и поединци, но и на нивниот мирен соживот. Јазиците се срцето на целиот социјален, економски и културен живот. Изреката според која „колку јазици човек познава – за толку луѓе вреди“, во пракса се докажува секојдневно, а познавањето на јазиците на сограѓаните од поинаква националност е уште еден, силен фактор во градењето мостови и надминувањето на разликите во Македонија, на Балканот, и секаде низ светот..
За потребите на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, ЦИВИЛ го преведе триплетот за спроведување на слободни, фер и демократски избори, на мајчините јазици на граѓаните кои живеат во Република Македонија.
На македонски и албански јазик, на српски, на ромски, на влашки и на турски јазик.
ЦИВИЛ – Центар за слобода и понатаму ќе се залага за застапеност на јазиците на кои зборуваат граѓаните на Македонија, затоа што преку (за)познавање на јазиците се запознава и културата на етничките заедници.
Оваа вест е достапна и на: Albanian