430 евра казна за штипските активисти!

На тројцата активисти, учесници во протестите на Шарената револуција во Штип, на синоќешните информативни разговори кои траеле до 22,00 часот, им била изречена парична казна од 430 евра. 

Како што за ЦИВИЛ Медиа, изјави Горан Трајков, еден од активистите, казните се поради прекршување на членот 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно за боење на улициите во Штип.

Активистите планираат да се жалат, а како што Трајков вели, уште на почетокот на организирањето на протестите, активистите на Шарената револуција биле едногласни дека заеднички ќе ги покриваат евентуалните парични казни. Поради тоа, тој не се сомнева дека тоа ќе биде случај и за нивните казни од 430 евра.

ЦМ