Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) вчера ја прослави седумдестгодишнината од своето формирање. На прославата беа присутни голем број новинари, уредници и претставници на меѓународната заедница.
По тој повод беа доделени награди во неколку категории. Новинарката Менче Точи ја доби наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство, за трите стории околу контроверзите кои ја следеа изградбата на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тендерот на Министерството за здравство кој може да ги банкротира болниците и за неквалитетните лекови за децата со аутизам.
Награда доби и Светлана Дарудова од „Дневник“, за истражување поврзано со проблемот помеѓу пензионерите и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ годинава ја доби Атанас Костовски, долгогодишен коментатор и уредник во спортската редакција на МРТВ.
Посредникот Питер Ванхауте, за своите размислувања кои ги објавуваше на твитер со слики од мачки, доби симболичен украс во форма на мачка.