Синоличка Трпкова: Не сакам да бидам параван за крадци и силеџии!

Синоличка Трпкова, професорка, актерка и активистка, говори за слободни избори:

Не можам да разберам како власта го злоупотребува народот за лична корист и прави од него параван за своите криминални дела. Истата таа власт, штитејќи ги личните интереси, се повикува на народот и вели: Во име на народот! И вели: Во име на земјата!

На таков начин, народот станува соучесник во криминалите на власта, односно, ги легитимира криминалите на власта, која и да е.

Јас не сакам да бидам дел од тој народ, и не сакам да бидам дел од таква земја, кои ќе им служат како параван на крадци и силеџии!


Кампањата „За слободни избори“ може да ја следите на нашата веб-страница, како и на:

YouTube

Facebook

SoundCloud

Twitter

#ЗаСлободниИзбори
#PerZgjedhjeTeLira
#4FreeElections

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish