Артан Садику: Граѓаните да го кренат гласот!

Артан Садику, активист за човекови права:

Гласот на граѓаните на избори мора да биде манифестација на нивниот изразен глас, не само на денот на гласање, туку секој ден. На гласот кој се противи во секојдневниот живот, на гласот кој се крева за решавање на проблемите, на гласот кој ги повикува политичарите, воопшто... Само кога граѓаните се ангажираат секој ден и го креваат гласот, ослободен од заканите, ослободен од стравот, само тогаш, гласот на денот на изборите, може да биде материјализација на барањата, на нивните заложби, на нивните потреби.

Затоа, ги повикувам граѓаните, пред избори да го кренат гласот и само тогаш, нивниот глас може да претставува чин, кој ќе доведе до промени во нивниот живот.


Кампањата „За слободни избори“ може да ја следите на нашата веб-страница, како и на:

YouTube

Facebook

SoundCloud

Twitter

#ЗаСлободниИзбори
#PerZgjedhjeTeLira
#4FreeElections

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish