Професорката и активистка Мирјана Најчевска зборува стравот на луѓето да го кажат она што го мислат:
Многу е страшно кога треба да се зборува, после толку многу години и толку многу спроведени избори, за фер и демократски и слободни избори. Многу е страшно и кога премиерот на државата ќе ти каже дека граѓаните т.е. народот, ќе излезе и ќе го каже она што мисли да го каже - на изборите. Многу е страшно кога власта не разбира дека сме дојдени во оваа ситуација,токму заради тоа што луѓето не можат да го кажат она што сакаат да го кажат заради тоа што се плашат...
Заради тоа што не знаат дека смеат да го кажат или заради тоа што кажувале, кажувале и ништо не се случило, и мислат дека фајде нема веќе од кажување, па се откажуваат од искористувањето на основните права.
Кампањата „За слободни избори“ може да ја следите на нашата веб-страница, како и на:
#ЗаСлободниИзбори
#PerZgjedhjeTeLira
#4FreeElections