Новинарот Синиша Станковиќ за победувањето на стравот и за вистинскиот избор:
Македонија цела деценија стенка, стрмоглавувајќи се кон амбисот од кој нема враќање. Токму затоа, следните избори во Македонија, кога и да ни ги дозволат или кога и да се избориме за нив, ќе бидат прашање - да се биде или не. Јас сум за слободни избори. Јас сум за слобода и демократија! Се надевам дека и сите други кои живеат во оваа држава, ќе ја почитуваат и ќе се борат за слободата. И токму затоа, сите граѓани на Република Македонија, етнички Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, сеедно, мораат конечно да го победат стравот во себеси, да се изборат за позицијата да се почитува нивната слободна волја и да го направат вистинскиот избор: да ги изберат оние кои ќе го почитуваат нивното право на избор и ќе даваат отчет за секоја своја постапка.
Кампањата „За слободни избори“ може да ја следите на нашата веб-страница, како и на:
#ЗаСлободниИзбори
#PerZgjedhjeTeLira
#4FreeElections