Кумановчани ја поддржаа кампањата за слободни избори!

ЦИВИЛ – Центар за слобода во вторник на 22 декември, на градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, од 16:30.до 18 часот, ja претстави кампањата „Сите за слободни избори“.

Целта на кампањата е јакнење на јавната свест за гласачкото право и за придонес кон создавање услови за слободни избори а настанот во вторникот го проследија повеќето кумановски медиуми.

Со оглед на фактот дека најголем дел од националните медиуми не емитуваат содржини, ниту известуваат за напорите на граѓанското општество да придонесе за надминување на политичката криза, за демократизација и за слободни избори, ЦИВИЛ – Центар за слобода, ги претставува сознанијата, информациите и видео-продукцијата во директен контакт со граѓанките и граѓаните и во интеракција со нив.

Foto peticijaЦИВИЛ Медиа во Куманово емитуваше видео материјали на ЛЦД екраните поставени на Занаетчискиот дом, а активистите на ЦИВИЛ – Центар за слобода од Куманово и од Скопје поделија над 600 флаери за информирање на граѓан(к)ите на Куманово за нивните гласачки права и слободи. Присутните кумановчани учествуваа и во фото-петицијата за поддршка на слободните избори.

Кампањата „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кој го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Оваа вест е достапна и на: English