Зад сцената: Кампања на ЦИВИЛ за слободни избори

За време на мултимедијалниот настан „За слободни избори“ што ЦИВИЛ – Центар за слобода го организираше на 28 октомври, во „Менада“, покрај снимањето изјави на 27 јавни личности за потребата од вклучување на граѓан(к)ите во процесот на создавање услови за фер и демократски избори, кое беше проследено со добра музика, едукативни видео проекции, изјави за медиуми и низа други активности, екипата на ЦИВИЛ Медиа подготви и видео материјал за настанот.

„Филмот“ за снимањето и атмосферата за време на заедничкото дружење, ги содржи и моментите „зад сцената“, за време на подготовките и на изведбата на мултимедијалниот настан.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=w0QMqMAF1ds[/youtube]

ЦИВИЛ уште еднаш им изразува голема благодарност на Савка Тодоровска, Кочо Андоновски, Мирјана Најческа, Томислав Кежаровски, Идриз Амети, Ѓорѓе Јовановиќ, Емра Куртишова, Уранија Пировска, Артан Садику, Бранка Костиќ Марковиќ, Сања Арсовска, Симона Спировска, Синоличка Трпкова, Суад Мисини, Сашо Ристовски, Огнен Јанески, Љуљета Адеми, Јован Постолоски, „Шутка Рома Рап“, Џелал Хоџиќ, Албулена Карага, Ана Битољану, Срѓан Јаниќиевиќ, Васко Лазаревски, на снимателот Атанас Петровски и на сите граѓански активисти, поддржувачи на ЦИВИЛ и слободоумни луѓе кои беа дел од журката во име на слободата.

Нивниот придонес во борбата за правото, еднаквоста, слободата и демократијата се од огромно значење во надминувањето на стравот и охрабрувањето на граѓан(к)ите активно да се вклучат во мониторирањето на сите нерегуларности кои го ограничуваат спроведувањето на изборните процеси и слободното гласање.

Мултимедијалниот настан беше дел од проектот „Моето гласачко право“.