Во пресрет на утрешната „Слободна зона“, активистките и активистите на ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканија сите слободољубиви граѓанки и граѓани уште еднаш да поразговараме за потребата од слободни, фер и демократски избори и слободното остварување на гласачкото право.
На инфо штандот граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат за начините на нивното активно вклучување во одбрана на гласачкото право.
Со пораката „За слободни избори“ на фото петицијата, граѓанките и граѓаните ја искажаа својата поддршка, но и желба конечно политичките елити да го слушнат нивниот глас и да придонесат за максимално почитување на нивните гласачки права.
ЦИВИЛ утре прогласува Слободна зона во своите простории од 13 до 16 часот. Ги покануваме на заедничка средба и медиумите, невладините организации, соработниците и поддржувачите на ЦИВИЛ.
Ве повикуваме заеднички да се подготвиме и да се бориме за слободни избори и свесни и совесни да ја пречекаме Новата 2016 година.