ЦИВИЛ со меѓународен тренинг за практикување на мирот

Од утре,  16 јануари 2016, во Скопје започнува седумдневниот тренинг насловен „Практикувај мир“, кој го организира  ЦИВИЛ – Центар за слобода, во партнерство со берлинската невладина организација „Kreisau-Initiative“, чиишто обучувачи ќе ја водат обуката.

Тренингот претставува продолжение, поточно втор модул на обуката, чијшто прв дел траеше десет дена и се одржа во полскиот град Кшижова во септември минатата година.

На тренингот учествуваат тројца претставници на ЦИВИЛ, Катерина Петановска, Ермин Климента и Емрах Реџепи, кои се воедно и единствените претставници од Македонија. На обуката ќе присуствуваат и учесници од Србија, Косово, Грција, Германија и Полска.

“Практикувај мир“, преку разни практични вежби, теоретски предавања и симулација на  театарска игра ќе им овозможи на учесниците да се соочат на критички начин со разните облици на дискриминација во нивните општества и да развиваат алатки и методи како да се борат против дискриминацијата, а воедно и да придонесуваат кон поодржлив мир.

Прокектот „Практикувај мир“,  е соработка на седум невладини организации - од Германија (CRISP), Грција (VOOLOS), Косово (SHL KOSOVA), Македонија (CIVIL), Полска (KREISAU-INITIATIVE) и Србија (СК13 OMLADINSKI CENTAR) . Заедно, тие бараат да се придонесе за појава на конструктивно, критичко и демократско граѓанско општество.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English