„Ми нисмо анђели“

На собирот на Унијата на жени на владејачката партија, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги испрати можеби најсилните, најострите  и највоинствените пораки досега кон своите политички противници, по ланските минтинзи што ги организираше низ земјава и со кои се обидуваше да го амортизира гневот на граѓаните од „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата.

Пишува: Петрит Сарачини

Пишува: Петрит Сарачини

И Груевски, како што неодамна се произнесе и неговиот коалициски партнер Али Ахмети, е во филмот - "Ние не сме ангели". Но, или што би рекле скопските маалски филозофи - „али“, и он и Али, се демек „бољи“ од „мрачните сили“, „странските служби“, „клетите чпиони“, кои народот, како што најави лидерот на власта, ќе ги "набрка на клоци".

Вчера Груевски, „у име народа“, решеташе без пардон. Сé по список.  Како на филмовите. И Катици и матици, и Ванхојтевци, и Зајковци. Ги запука сите, и странските непријатели и домашните предавници. Каков демократ...

Насилнички расположениот "ангел", штотуку паднат од тронот или „рајот“, избра овие пораки да не ги каже на масата со оние на кои што им ги упатува, каде што е нели фин и конструктивен, или на соочување на аргументите во медиум, туку, како што често милува, на собири на униите на жени или на млади на својата партија, или на митинзите, каде со сила носи митингаши.

Во меѓувреме, народот на кој толку често се повикува, живее на работ на егзистенцијата и се бори секој ден за голо преживување. Четвртина од тој народ веќе избега од земјата, а тие што остануваат, веќе мислат да фаќаат џаде, доколку победи Груевски и неговиот „народ“. Оној што го сака, му се колне, оној кој на телевизија рони солзи за Пастирот. За него, има сендвичи, социјална помош, субвенции, вработување во државната администрација...

Овој пристап потсетува на многу примери од минатото. Малку од нив слетале меко по тој пад или прогон од „рајот“. Повеќето никогаш не се вратиле на тронот, туку завршиле зад решетки или на политичките маргини.

Се ближат денови на одлука. Ќе видиме како ќе завршат нашите "ангели".

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish