ЦИВИЛ го поздравува усвојувањето на Правилникот за прочистување на Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) вчера го усвои Правилникот за методологија за целосен пристап, промени и бришење на податоци во Избирачкиот список. ДИК ја усвои и постапката за спроведување на теренска проверка заради ажурирање на податоците.

Исто така, ДИК го усвои и Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список преку анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, теренски проверки и други методи кои се признати за проверка на Избирачкиот список.

ДИК ја усвои методологијата за прочистување на Избирачкиот список по писмена согласност на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, во Собранието на Република Македонија,

Медиумите објавија дека и покрај писмената согласност за усвојување на Правилникот кој се однесува на Избирачкиот список, сепак, не престанале меѓусебните обвинувања на партиите.

Според Никола Груевски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, одолговлекувањето на процесот за прочистување на Избирачкиот список е намерно направено од СДСМ, за одложување на изборите на 24 април.

Од друга страна, опозицијата не верува дека во април ќе има фер и демократски избори, а за прочистување на Избирачкиот список нема доволно време до предвидениот датум.

ЦИВИЛ со години наназад ја алармира јавноста и институциите дека Избирачкиот список е во катастрофална состојба и дека е една од најсериозните причини за недоверба во изборните процеси воопшто. Експертите – соработници на ЦИВИЛ го поздравуваат напредокот во овој процес. ЦИВИЛ ќе ги поддржи сите чекори на ДИК за подобрување, прочистување и проверка на Избирачкиот список.

Биљана Јордановска

ИЗБОРИ 2014: ДИСКВАЛИФИКУВАНА ДЕМОКРАТИЈА

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish