Граѓанскиот активизам има позитивно влијание во општеството

Институтот за општрствени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН - С), денеска во 12:00 часот, одржа прес-конференција на која се презентираа резултатите од анкетата „Ставови на граѓаните за граѓанскиот активизам, контрола на државниот апарат и глобењето“.

Прес за анкетатаАнкетата која е дел од проектот „Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и здружување“, била спроведена преку случаен избор на телефонски корисници, во периодот ноември – декември 2015, вклучувајќи го мислењето на граѓанките и граѓаните од сите региони во Македонија.

Резултатите од анкетата ги презентираа д-р Калина Лечевска и м-р Ана Блажева. Анкетата е спроведена за да се добие увид во ставовите и расположението на граѓанките и граѓаните за граѓанскиот активизам, нивната мотивација за вклучување во граѓански иницијативи, невладини организации, пленуми, учество на протести, како и нивниот однос кон рестриктивните политики на власта, особено глобите како форма на цензура во нивното користење на правото на слободно здружување.

Што се однесува до граѓанскиот активизам и какво е неговото влијание во општеството, 66% одговориле позитивно, а околу 70% би се вклучиле во граѓанска иницијатива. Оценката на граѓаните за работата на невладините организации е 3, на скала од 1 до 5.

 Дури 66% од испитаниците сметааат дека глобите се преголеми и постојат за полнење на буџетот и заплашување на граѓаните.

Според учесниците во анкетата, Владата во голема мера ги контролира бизнисот, образованието и медиумите.

Истражувањето е помогнато од Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.