Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев ги отфрла обвинувањата од прилогот „Се кине каде што е најтенко!”, објавен на порталот на ЦИВИЛ – Центра за слобода на 23 февруари 2016 година, a изнесени лично кон него, дека лицето Амет Зеќири, не е ислушано и на истото лице не му е помогнато во задоволување на неговата потреба.
Во интерес на вистината, дозволете ми да Ви го посочам фактот дека синот на Амет, Фета Зекиров, на ден 17 февруари 2016 година до Општина Велес за првпат има доставено Барање за остварување на правото на еднократна парична помош.
Истото барање, од страна на градоначалникот е проследено до Комисијата за доделување на средства од Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита за 2016 година. Комисијата која ги разгледува барањата, согласно критериумите за доделување на средства, одлучува дали странката има право на таква помош.
Оваа комисија се состанува два пати во месецот, што значи барањето на господинот Фета Зекиров ќе биде разгледано следната недела. А кој ќе биде резултатот, зависи од исполнувањето на критериумите.
Затоа, уште еднаш ги отфрлам паушалните и тенденциозни обиди за моја лична дискредитација. Како градоначалник на сите граѓани на Општина Велес, до крај ќе останам посветен на заложбите секој граѓанин да добие подеднаков третман и помош која му е потребна.
Со почит!
Славчо Чадиев, градоначалник на Општина Велес
Оваа вест е достапна и на: Albanian