Стотици тетовчани заинтересирани за набљудување на избори

Во присуство на локални медиуми, претставници на локалните невладини организации и претставници на политичките партии во Тетово, ЦИВИЛ го претстави проектот Напред! и ги информираше за јавниот повик за набљудувачи на изборите.Беа поделени околу 1000 триплети на македонски и на албански јазик меѓу тетовчанки и тетовчани кои ни изразија поддршка и ни понудија соработка како граѓански набљудувачи за време на изборите.

Граѓанките и граѓаните во Тетово, сепак, беа скептични околу мирното спроведување на изборите без нерегуларности и без насилство во Полошкиот регион, па дури и стравуваа дека на 5 јуни нема да се спроведат избори.

Тетово, 01 март 2016

Проектот „Напред!“, кој започна во јануари и ќе трае седум месеци, се финансира со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Како и досега, заедно со граѓанките и граѓаните, ЦИВИЛ придонесува и ќе придонесува за создавање услови за слободни избори.

Учествувајте во нашите активности за јакнење на јавната свест за правата на гласачите!

Оваа вест е достапна и на: Albanian