Гостиварчани едногласни за промени

Денешниот караван „Напред!“, тимот на ЦИВИЛ го заврши во Гостивар каде на локалните медиуми, претставниците на невладините организации и пред граѓанките и граѓаните им го претстави проектот  и ги информираше за можноста да се пријават сите заинтересирани за набљудувачи на изборите.

Гостивар, 01 март 2016

ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право. Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.