Конкурс за новинарски стории кои ќе бидат на тема демографија, миграции, попис, Избирачки список…, е објавен од граѓанската организација НВО Инфоцентар во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“.
Предложените стории треба да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и етика, и да содржат елементи на аналитика и истражување.
Секоја од предложените стории не треба да биде подолга од 3.500 зборови. Пожелно е текстовите да бидат подготвени во соработка или во партнерство со граѓански организации, иницијативи, активисти...
Право на учество на овој конкурс имаат сите новинари во Република Македонија. Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози подготвени во периодот април – мај оваа година, но на еден кандидат може да му биде одобрен само еден предлог.
Конкурсот е отворен до 16 март 2016 година.
Селекцијата на предлозите ќе биде направена најдоцна до 31 март 2016. Паричниот надомест на трошоците за новинарската сторија изнесува најмногу 22.000 МКД.
Кандидатите заедно со формуларот за пријавување, треба да достават и своја кратка биографија, како и најмалку две претходно објавени новинарски стории. Потребните материјали се испраќаат исклучиво во електронска форма на електронска адреса: [email protected], со назнака „Конкурс за новинарски стории“.
Конкурсот е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.