Одбрана на Уставот од Уставниот суд

Неколку илјади демонстранти, организирани од граѓанската платформа „Ајде“, одржаа протестен марш низ скопските улици. Извикувајќи: "Нема правда, нема мир", "Оставка", "Лопови"... побараа оставка од петте судии кои донесоа одлука за помилување на изборните измами, педофилија, силување и други тешки кривични дела.

Протест

Граѓаните тргна од Владата до Народната канцеларија на Претседателот, а потоа кон Собранието. Откако го поминаа мостот „Гоце Делчев“ беа спречени од оклопни полициски возила и специјални полициски сили да не го продолжат патот кон Уставниот суд за каде што беше најавен протест.

Полициски коридон

Активистот Петрит Сарачини пред ијладниците граѓанки и граѓани изјави дека ова што се случува е голем срам и дека нема да се отстапи од барањето да се повлече одлуката да се помилуваат криминалци, педофили и нарко - дилери.

„Пикнати сме тука кај овој шампита театар, а во моментов се игра една валкана, театарска игра со граѓаните на Македонија. Аздисаната власт сака да го крви народот, да го тепа народот, да го натера народот да се тепа меѓу себе, исто како што направија на 24 декември 2012 година. Нема да им дозволиме да си играат со нас. Нема да потпаднеме на провокациите на оваа игра и сценарио со кое некој во Македонија сака да потече крв. Слободните граѓани на Македонија бараат полицијата да се стави во заштита на Уставот. Бараме да ни се овозможи пристап до Уставниот суд да го оствариме нашиот мирен собир. Почитувани полицајци, не сте дале заклетва ниту пред министер, ниту пред партија, туку пред Уставот на Македонија. Ваша должност е да го штитите Уставот и да не нé спречувате и да ни дозволите да поминеме. Нашите барања се јасни. Оставки од петте судии на Уставниот суд. Уставниот суд веднаш да се повлече од иницијативата која овозможи помилување на изборни криминалци, педофили... Бараме оваа земја конечно да почне да живее и да дише слободно. Нема да отстапиме. Не се плашиме, храбри сме, ќе бидеме достоинствени, цврсти и ќе бидеме тука. Драги сограѓани и сограѓанки нема да се откажеме, бидете цврсти, слободата доаѓа“, изјави Петрит Сарачини пред илјадниците демонстранти.