Изборите на петти јуни се неизвесни

На вчерашната експертска панел-дискусија на тема: “Плурализмот и политичката криза”, во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, Н.Е. амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер, изрази сомнеж дека изборите ќе се одржат на 5-ти јуни.

“Договорот од Пржино е активен (жив) и некои делови се веќе спроведени.  Многу други сé уште се во тек.  Никој не знае дали ќе има избори на 5-ти јуни”, изјави Алтхаузер, која ја пренесоа бројни македонски медиуми.

На вчерашната панел – дискусија и претставникот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, изјави дека за одржување на изборите, не е клучен датумот, туку исполнување на сите предуслови за обезбедување на фер и демократски избори.

По двете изјави, следеше и денешното соопштение на Либералната партија.

12622486_899655163486287_3801212886958813182_o

Ивон Величковски

„500 избирачи вишок можеби е институционална грешка, но 500.000 вишок е институционална и политичка кражба“, смета Ивон Величковски. “Резултатите од вкрстената анализа на податоците од различните институционални бази и од Избирачкиот список, непосредно ги потврдија сите досега најавени сомнежи на Либералната партија и на сите опозициски партии за кредибилноста на изборните процеси досега и за легитимноста на законодавната и извршната власт, особено од 2014 година”, стои во соопштението на ЛП.

Од ЛП, ја осудуваат и последната одлука на Уставниот суд.

”Постапката и донесената одлука на Уставниот суд за укинување на одредбите од законот за помилување, со кои се вратија самостојните овластувања на претседателот на Републиката за прекинување на постапка против лица осомничени за педофилија, силување, но и за изборен криминал, е срамна и индикативна. Осудата на постапката и одлуката на Уставниот суд е едногласна, не само во опозициските редови, туку и во широката граѓанска, невладина, но и европска јавност.”

Со оваа соопштение, ЛП го споделува ставот на ЦИВИЛ, дека условите за одржување на избори на 5-ти јуни не се исполнети, и дека институциите и партиите треба да се фокусираат на прочистување на Избирачкиот список, на обезбедување на слободен медиумски простор, како и да се даде целосна поддршка и можност на СЈО да ја извршува својата работа.

Марија Теговска

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian