5 jуни – Ден на духови

Лесно е да се одбере датум за било што, иднината држи мистична моќ која внесува чувство на доверба и надеж во инволвираните луѓе на одлуката.

Ermin Klimenta

Пишува: Ермин Климента

Ако одберете нешто што ќе го направите во иднина, ментално се подготвувате и си велите дека до тој датум сé ќе биде средено.

Дали навистина оставаме сé до последен ден? Секако дека - да. Зошто мислиме дека политичките партии, комесари на Европската унија или некој друг, се поразлични од нас? Зошто да им ја придаваме важноста на одредени луѓе кои се единствено повидливи во медиумите од нас.
Имаме некоја имагинарна врска со магичните датуми кои ги поставуваме, и несекогаш разбираме дека времето си врви и не нé чека нас.

Наспротив, времената конструкција постои само во нашите колективни имагинации, конструкција која ни дозволува да се однесуваме, одредуваме и донесеме ред во општеството.
Но, што правиме кога времето ќе не прегази? Дали дозволуваме чистата ароганција на неколку влијателни политички фактори, да ни ја обојат земјата - црвена или сина?

Јас сум еден од тие луѓе кои немаат определеност кон ниедна партија, не само тоа, туку сметам и дека однесување и арогантноста на дел од пллитичарите, се навреда за секој човек кој размислува слободно. Политичарите се едноставно тука, да работат за нас. Да одржуваат нешто што постои стотици години. Не треба да измислуваат топла вода, уште помалку и подалеку да се споредуваат со светци.

До каде ни оди умот, ако дозволиме да не раздвојат полтичарите кои лебот од нас го добиваат, а крадат уште еден камион со истиот леб, зад нашиот грб.

Дали ќе дозволиме да не водат неуки, арогантни, самозаљубени, шовинисти, фашисти...?
Ако сината и црвената партија и нивните послушници се договорат за датум, кој нам не ни се допаѓа, кои се тие да нé присилат да гласаме?

Ние сме слободни граѓани на суверена држава и можеме да си го практикуваме правото на глас. Додека гласаат духови јас не гласам.

А вие?