Токсикологија демантира: Д-р Поповски отстранет со малку повисок тон, немало физички контакт

Во врска со вчерашното сведоштво на д-р Нестор Поповски од Клиниката за токсикологија во Скопје за ЦИВИЛ Медиа, во кое што тој обвини дека економскиот директор Никола Ташев вербално го навредил и физички го исфрлил од состанок, денеска од стручниот колегиум на Клиниката испратија демант. Велат дека немало физички контакт, туку дека директорот Ташев го отстранил д-р Поповски од состанокот на колегиумот со малку повисок тон.

Дека проблемите на Токсикологија се решаваат со повисок тон, се увери и дел од редацијата на ЦИВИЛ Медиа, бидејќи машки глас, без да се престави кој е на телефон, со повишен тон бараше веднаш да се објави демантот кој го испратија како фотографија. Демантот го пренесуваме во целост:

ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија Скопје истакнува демант на Изјавата од ден 24.03.2016 г. поднесена од д-р Нестор Поповски - доктор специјалист вработен при Универзитетската клиника, наведувајќи дека истата е целосно невистинита. Сметаме дека истата е тенденциозно доставена до Вас, со цел да се создаде искривена слика за работењето на Универзитестката клиника за токсикологија и за работењето на раководството на Универзитетскат клиника.

Сакаме да истакнеме дека д-р Нестор Поповски со ништо не беше предизвикан, на седницата на Стручниот колегиум на Универзитетскаат клиника која се одржа на ден 23.03.2016 г. тој грубо ја нападна д-р Лидија Петковска (овластен потписник на медицинска документација) и со недолично однесување го попречуваше работењето на Стручниот колегиум. Од овие причини в.д. организацискиот директорот на Универзитетската клиника, а со цел да се сочува достоинството на Стручниот колегиум и на д-р Лидија Петковска и со цел да се овозможи непречено одржување на седницата, го отстрани д-р Нестор Поповски од седницата со малку повисок тон, но никако не дојде до некаков физички контакт, а уште помалку физички напад.

 

Со почит,

Стручен колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија

1.насл.доц.д-р Лидија Петковска, с.р
2.насл.доц.др Жанина Переска, с.р
3.главен мед.тех Миле Смилески, с.р
4.секретар Елизабета Петровска, с.р

в.д. организациски директор
дипл.екк. Никола Ташев, с.р

 Demant

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian