Еден од двата мобилни тима на ЦИВИЛ - Центар за слобода, кои денеска беа на терен, ги посети општините Македонски Брод, Долнени, Крушево, Демир Хисар и Новаци.
Работниот ден за тимот на ЦИВИЛ, започна во Македонски Брод, каде беа поделени 200 триплети со информативна содржина за проектот Напред!. Сите заинтересирани граѓани имаа можност да ги добијат потребните информации за можноста да бидат набљудувачи, на претстојните предвремени парламентарни избори.
По успешната посета на Македонски Брод, Цивил продолжи во Долнени. На овој начин можноста и долненци да бидат дел од мониторинг тимот, беше поблиска до нив.
Крушево беше третата општина која тимот на ЦИВИЛ ја посети денеска. Поделени беа стотина триплети со потребните информации за проектот Напред!. ЦИВИЛ разговараше и со своите поддржувачи од овој град, од кои се информираше за секојдневните проблеми на крушевчани.
Следна општина на мапата на ЦИВИЛ, беше Демир Хисар. Дел од жителите на оваа општина со кои ЦИВИЛ разговараше, покажаа интерес да бидат дел од тимот на набљудувачи.
Проектот Напред! беше претставен и во општина Новаци. Жителите од оваа општина се информираа за можноста која ЦИВИЛ ја нуди со овој проект, за вклучување на граѓанките и граѓаните во набљудувачкиот процес.
Со посетата на Новаци, тимот на ЦИВИЛ го заврши успешниот работен ден, во кој беа посетени пет општини и беа поделени неколку стотици триплети со информативна содржина.
Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.
Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
Оваа вест е достапна и на: Albanian