„Напред!“ во Сарај, Ѓорче Петров и Карпош

ЦИВИЛ-Центар за слобода  денеска ги посети скопските општини Сарај, Ѓорче и Карпош, на граѓанките и граѓаните  им го презентираше проектот  „Напред!“ и со нив ги сподели сите потребни информации за проектот и за условите за конкурирање.

Во двочасовната посета, во трите општини беа поделени околу 300 триплети на македонски и на албански јазик, со едукативни и информативни материјали. Претставниците на ЦИВИЛ им беа достапни на малкуте жители на Сарај за сите информации поврзани со процесот на аплицирање.

12813982_931747296943740_5503374768305833310_n

Сарај, 25-ти март 2016

Во Ѓорче Петров екипата на ЦИВИЛ ја посети локацијата кај пазарчето и подели околу 100 триплети со информативна содржина. Во разговор со тимиот на ЦИВИЛ, граѓаните и граѓанките најчесто потенцираа дека не веруваат оти изборите ќе бидат одржани на 5-ти јуни.

12376682_931746660277137_6225460115682139689_n

Ѓорче Петров, 25-ти март 2016

Екипата на ЦИВИЛ го посети и ТЦ Лептокарија каде беа поделени дополнителни 150 едукативни триплети со информации за проектот „Напред!“ и беа информирани граѓаните како да се аплицира за изборен набвљудувач.

Жителите на Карпош се заблагодарија за можноста да станат изборен набљудувач и голем дел од нив потенцираа со задоволство, ќе аплицираат, затоа што: „По сите негативни вести кои ги слушаме за претходните избори, на овие, навистина ќе бидат потребни и 1.000 набљудувачи“.

12670519_931745396943930_989820226525026949_n

Карпош, 25-ти март 2016

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.