Трајанов: Македонија треба да биде една изборна единица

На јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“, во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, меѓу дваесеттемина претставници на политичките партии кои не се дел од Пржинскиот договор, лидерот на ДС, Павле Трајанов, рече дека се клучни реформите од Извештајот на Прибе, од кои, за жал, ништо не е реализирано.

„Имаме системска блокада. Сите институции во Македонија се блокирани за да не можат да работат и да не се започне процесот на утврдување на одговорноста... Пред се, сметам дека е потребен демократски процес во рамки на политичките партии и можеби најдобро е да се променат лидерите на партиите ако сакаме демократизација на самите партии“, изјави Трајанов.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=HyErzypQTZI[/youtube]

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian