Арнаудов: Послушните партии ја уназадуваат демократијата

„Време е вие малите политички партии, што кружите околу големите партии, да размислите колку го уназадувате процесот на демократизација“ рече Ламбе Арнаудов од ВМРО - НП на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“ организирана од ЦИВИЛ - Центар за слобода на 4 април.
“Малите партии кои се поврзани со четирите политички партии, во тие коалиции имаат најдено тврдина која ги заштитува, и крајно време е да се запрашаат колкава е нивната улога во политичката криза. Во коалициите тие го губат својот идентитет и идеологија”, изјави Арнаудов.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=BJEzwDXzMdM&index=13&list=PL8OKOBhUT4xBTqwyk989YA7ZQD_mKw-ht[/youtube]

Оваа вест е достапна и на: Albanian