Источна Македонија под закани и уцени  патува кон Скопје

Според јавувањата на нашите долгорочни набљудувачи, контра - демонстранти од Штип се собираат пред поштата и пред Јавното претпријатие „Исар“.

Во четири автобуси, по завршувањето на работното време, под уцена дека ќе бидат отпуштени од работа, работниците послушно влегувале во автобусите, кои кога ова го објавуваме, веќе се тргнати кон Скопје, на котра-протест пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“.  Еден дел од нив ќе бидат и поддршка, пред и во седиштето на ВМРО - ДПМНЕ во Скопје.

Штип, 13 април 2016

Штип, 13 април 2016

Вработените кои се спротивставиле на ваквата наредба претставници на власта ги „потсетувале“ на еден претходен случај, кога работник, чувар во Државната архива во Штип, бил преместен од работното место, во претпријатието „Истар“, како чувар, но со намалена плата.

unnamed (1)

Нашите набљудувачи и од Валандово, јавуваат дека веќе е тргнат автобус со контра-демонстранти кон Скопје.