Продемократските демонстранти откако во огромна колона извикуваа „Не ве амнестираме!“ и „Затвор за фашистите!“, почнаа да им довикуваат на полицајците „Спуштете ги штитовите!“. Одеднаш, припадниците на безбедносните сили се повлекоа, по што следеше аплауз, а граѓаните се разместија на целиот простор пред објектот на Владата, од раскрсницата кај булеварот „Климент Охридски“ до мостот „Гоце Делчев“.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=ZxvPMjy8Eg0[/youtube]
Откако полицајците се вратија и зад барикадите пред Владата, добија уште еден аплауз од демонстрантите.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=1L77D0LPNfo[/youtube]