Вечерва во Битола, продемократските граѓан(к)и, по трет пат се собраа на протест, кој започна со собир на плоштадот „Магнолија“, а заврши пред општинската зграда, која ја обезбедуваше кордон вооружени полицајци.Присутните демонстранти извикуваа дека градоначалникот Владимир Талески е виновен за катастрофалната состојба во градот и побараа оставка и од него, но и од претседателот Ѓорге Иванов.
Според мобилниот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода од Битола, иако градоначалникот претходно, дента на прес-конференција, потенцирал дека е целосно невин и изјавил дека ако граѓаните на Битола, го побараат тоа од него, тој би се кандидирал и за четврти мандат, незадоволните битолчан(к)и за утре вечер најавија нов протест, со истите барања за негова неодложна оставка, кривична одговорност и враќање на парите.