Набљудувачот на ЦИВИЛ – Центар за слобода од Тетово ни јави дека утрово биле искршени стаклата на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во овој град и ни испрати фотографии од лице место.
Според соопштениетона полицијата, утрово во 05.50 часот во тетовската полициска станица било пријавено дека „непознати лица ги искршиле стаклата и фрлале јајца по фасадата на народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија“. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.