Протестот против актот за аболиција на претседателот Иванов, во Куманово започна во 19 часот. На протестот учествуваа околу 3.000 граѓанки и граѓани, кои пред Основниот суд во Куманово, скандираа „Нема правда, нема мир!“, „Насилници!“, „Смрт на фашизмот!“.
По еден час, протестот заврши. Не беа регистрирани инциденти. Според извештајот на долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ - Центар за слобода од Куманово, на протестот имало претставници на сите заедници кои живеат во Куманово, Македонци, Албанци, Срби и други. Забележано е присуството на голем број на интелектуалци од сите заедници.