Наместо протест пред општинската зграда, како што беше случај во изминатите пет дена, денеска во Битола, незадоволните битолчани формираа Граѓански пленум. На пленумското собрание на кое имаше окулу 250 присутни, збор зедоа десеттина граѓанки и граѓани.
Како што информираа долгорочните набљудувачи и мобилните тимови на ЦИВИЛ - Центар за слобода од овој град, Пленумот се оформи како место за разменување на идеи и предлози како да се делува понатаму. Предлогот да се блокираат крстосници, веднаш се реализираше и се блокира крстосницата пред урнатата фонтана. Беше блокирана главаната сообраќајница, а на блокадата се приклучуваа и граѓанките и граѓаните кои во тој момент поминуваа на таа локација. Пленумот, по претходна одлука, продолжи пред домот на градоначалникот ВладимирТалески, каде преку мирен протест го изрази својот револт. Протестот пред зградата каде живее Талески, беше под силно полициско обезбедување.
Истиот принцип на делување е најавен за утре во 19 часот, пред Офицерскиот дом, каде ќе се пристапи кон повторно давање на предлози и гласање по истите.
Вечерва во Битола, во организација на ГДОМ, се одржа и контра-протест. Контрапротестантите се собраа на плоштадот „Магнолија“ и се упатија кон штабот на СДСМ во Битола.
Оваа вест е достапна и на: Albanian