„Затвор не ти бега, Николa“

Откако полицијата не им дозволи да одат кон Министерството за култура, демонстрантите од пред Владата, продолжија кон ЕУ – Инфоцентарот, но ги сопре силен полициски кордон.

Незадоволните демонстранти извикуваа „Николче диктаторче!“ и „Пуштете го народот да помине!“...

13054649_1229050703789777_532666170_oДемонстрантите ја пееја и пародијата од песната која се пее на контра-протестите „Никој ништо не ти може Никола!“, која во нивната верзија звучеше: „Затвор не ти бега Никола, џабе ти е полиција, џабе ти е аболиција, Никола, Николаааа!“

Протестите завршија мирно и околу 21 часот пред ЕУ – Инфоцентарот остана само неколку стотици демонстранти.