Неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов и итно повлекувње на одлуката за помилување на политичарите од аферата „Прислушување“ и формирање Специјално одделение на Кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, побараа вчера во Прилеп, учесниците на продемократските протести
„Бараме и Уставниот суд да го каже својот став за уставноста на СЈО, итно повлекување на одлуката за предвремени парламентарни избори на 5-ти јуни, присуство на претставници од граѓанскиот сектор во процесот на преговори за разрешување на кризата, којшто треба да се води на територија на Република Македонија. Бараме да се формира преодна влада, која до крај ќе ги имплементира итните реформски приоритети кои произлегоа од ‘Извештајот на Прибе’, сé додека овие барања не се остварат, нашата политичка борба ќе биде на улица“, порача активистот Јане Ѓорѓиоски.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=ycJIGBUYDXM[/youtube]
„Нема правда, нема мир!“, скандираа присутните на граѓанскиот протест, поддржан од СДСМ и бранителите од Здружението на резерви воени обврзници учесници во конфликтот од 2001 и 2002 година.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=Gt7WDJultuA[/youtube]
И денес ќе се одржи продемоократски протест, со почеток во 18 часот пред Камената бина.
Насловен како „Општонароден хепенинг“, вчера во центарот на Прилеп, пред споменикот Карпалак, се одржа контра-протестот на локалното членство на ВМРО- ДПМНЕ, членови на здружението „Прилепски бранители“ и симпатизери на владејачката партија.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=aNHaGemUJ80[/youtube]
Филип Петровски како претставник на ГДОМ, му порача на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека „утре во Скопје ќе се собереме 30.000 луѓе, да му кажеме дека не може да побегне од демократски избори, не може да владее на сила...“
Контра-протестантите утре ќе се приклучат на протестите на ГДОМ во Скопје.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=aebveC4fgbM[/youtube]