Сакате акција? Еве како!

Знаете да напишете текст, да направите фотка, да снимите видео? Комуникативни сте? Сакате акција? Тогаш време е да бидете граѓански набљудувач!

Дојдете утре, петок (22.04) во 12 часот пред платото на Универзитетот на Југоисточна Европа (на влез во Стара Чаршија). Планираме да поставиме штанд на кој ќе се фотографираме за фото - петиција за слободни избори, ќе делиме флаери и ќе разговараме со заинтересираните граѓанки и граѓани.

INFO STAND

Забележувате некаква политичка манипулација во вашата општина, токму сега пред изборите? Корупција, злоупотреба, закани и уцени, кршење на човекови права? Документирајте ги овие случаи, приберете сведоштва и испратете ни ги. Најдобрите трудови на граѓанските новинари ќе бидат наградени. Наградата за најдобра сторија изнесува 110 долари. Сè што Ви треба е мобилен телефон и малку ентузијазам.

Можеби сакате да останете анонимни, а имате добра сторија? Пријавете нерегуларности и злоупотреби на нашата веб страница со само неколку клика.

Искористете ја и шансата и бидете дел од проектите за изборен мониторинг, како што е проектот Напред на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Конкурирајте за позицијата изборен набљудувач.

12968132_941742115944258_1050917303290508837_o

Сте се сликале ли на фото-петицијата за Слободни избори? Изразете ја Вашата поддршка за слободни избори и демократска Македонија со тоа што ќе се сликате на нашиот штанд.

Дали сте ја лајкнале Фејсбук страницата на ЦИВИЛ? Посетете го сајтот на ЦИВИЛ кадешто на три јазици можете да дознаете за најновите активности на организацијата, како и вести од земјата.

Ние имаме неколку различни ФБ страни на кои постојано објавуваме содржини:

Цивил: https://www.facebook.com/civil.mk/

Социјална правда Сега!: https://www.facebook.com/socijalna.pravda.drejtesi.sociale/

Сите информации за изборите: https://www.facebook.com/sezaizbori/?ref=bookmarks

Дали сте уметник и сакате да проговорите против неправдите? Имаме Фејсбук - страна на уметниците за човекови права, SPEAK UP:  https://www.facebook.com/speak.up.mk/?ref=bookmarks

А за твитерџиите ова е повик да нè следат на Twitter, да коментираат и ре-твитаат постови на Цивил!