Демонстрантите ја „офарбаа“ Владата на Република Македонија со боја и јајца, додека улицата ја „ишараа“ со неколку канти боја, во контекст на „Шарената револуција“ на скопските улици.
Откако силен полициски кордон кој беше поставен пред ЕУ Инфо центарот не им дозволи на продемократските демонстранти да се движат кон вилата на претседателот, Ѓорѓе Иванов на Водно, тие се упатија пред Владата. Пред ЕУ Инфо центарот демонстрантите кратко се кошкаа со полицијата. Немаше повредени, а демонстрантите одзеле еден полициски штит.