Државната изборна комисија, денеска го стави на јавен увид Избирачкиот список. Во наредните 15 дена, граѓанките и граѓаните во Македонија, ќе имаат можност - со внесување на Единствениот матичен број, да проверат дали се на списокот на гласачи. На тој начин, граѓан(к)ите ќе можат да проверат на кое избирачко место гласат, и која е адресата на избирачкото место.
Во текот на денешниот ден, списокот ќе биде распределен во 34-те подрачни единици на ДИК, низ државата.
Јавниот увид завршува на 15-ти мај.
Оваа вест е достапна и на: Albanian