Илјадници граѓани 13-ти ден протестираат поради аболираните политичари од претседателот Ѓорѓе Иванов и даваат силна поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Денеска поворката тргна од СЈО и додека се движеше кон Собранието, граѓаните повторно ги „вапцаa“ Народната анцеларијата на Претседателот и Министерството за правда, извикувајќи „Се додека нема правда, нема да има и мир!“
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=T21x1AwGl4A[/youtube]
Пред Собранието на бината се обрати Душко Стојановски, професор во средното училиште „Орце Николов“, кој се обрати на неговите некогашни ученици да застанат на страната на правдата.
„Ги повикувам Нинослави, Дејани, Тањи, Душани, Златковци..., знам каков бистар ум имавте, знам колку знаевте да зборувате за слобода и демократија. Зошто дозволувате да си играат со вас? Зошто дозволувате личности коишто немаат ниту Л од тоа што е личност, ниту Ч од тоа што е човечност, да бидат некои околу кои ќе бидете само инструменти за нивните апетити. Ве повикувам, расчистете ги вашите политики таму внатре, и приклучете се кон сите нас овде, затоа што овде е светлината“, истакна професорот Стојановски.
Продемократските демонстранти од Собранието маршот го продолжија до Владата на Република Македонија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian