Во однос на медиумските слободи, Македонија според последниот извештај на Фридом Хаус, е неслободна земја. Ова претставува сериозен пад за државата, која до минатата година имаше подобра оценка, односно беше во групата на делумно слободни држави.
Како причина Фридом Хаус, ги посочува објавите што укажуваат на масовното и незаконско прислушување спроведено врз новинари, од Владата. Друга причина е корупциската поврзаност меѓу функционери и сопственици на медиуми, и зголемувањето на закани и напади врз медиумските работници.
“Македонскиот медиумски пејзаж е длабоко поларизиран по политички линии. Самоцензурата кај новинарите е честа појава, пред се поради притисок од сопствениците на медиумите, поради одреден бизнис или политички интереси и, од неодамна , се однесува за надзор. Новинарите се слабо платени и се соочуваат со закани и малтретирање во случај да се ангажираат во истражувачкото или критични известување”, стои во извештајот.
Во Европа полоша медиумска состојба е забележана само во Русија, Белорусија и Турција. Овие три земји заедно со Македонија се единствените кои влегуваат во кругот на „неслободни“ земји.
Во Југоисточна Европа сите останати земји се оценети како „делумно слободни“ во однос на слободата на медиумите.
Марија Теговска
Оваа вест е достапна и на: Albanian