Шарената револуција продолжува

Шарената револуција продолжи денеска со околу илјада демонстрантни. Протестите започнаа во вообичаеното време, во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на оваа институција. 

DSCN7756

Голем број демонстранти пред СЈО носеа големи шарени знамиња, знакот на Шарената револуција. Ниту ладното и на моменти врнежливо време не ги проколеба да не излезат на скопските улици да протестираат барајќи правда и слобода.

Протестите траат веќе трета недела, поттикнати од аболицијата на криминалците од Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Демонстрантите тргнаа од СЈО, поминаа покрај Собранието на Р.Македонија и се упатија пред судовите.

Дехран Муратов