Најчевски: Протести против ненормален и ненароден режим!

На протестот на Шарената револуција, кој беше посветен на 9-ти Мај Денот на победата над фашизмот, во паркот "Жена борец", се обрати и Димче Најчевски, професор во пензија.

"Протестот на Шарената револуција е протест против ненормален и ненароден режим", рече Најчевски.  "Нашата револуција симболизира борба на слободоумните народи против фашистичкото зло. Во денешно време, фашистичките никулци повторно дигаат глава. Шарената револуција е израз на гласните желби  на демократските сили, за социјална правда и за мир, против тиранијата", продолжи тој во својот говор кој беше поздравен од илјадниците демонстранти.